Утрински Весник
Магазин

Вил Смит се врати на снимање како татко на сестрите Вилијамс

Вил Смит се врати на снимање како татко на сестрите Вилијамс
Dik 300x250 mk

Вил Смит беше забележан во црна тренирка за време на снимањето на „Крал Ричард“ – биографски филм  за таткото на тенисерките Венус и Серена Вилијамс.

Тој ги игра таткото на тениските суперsвезди во филмот што ги следи нивните рани години како професионални спортистки.

А во понеделникот, Вил Смит се врати на локацијата во Лос Анџелес, каде снимаше сцени како Ричард Вилијамс, човекот кој ги тренираше своите ќерки и ги направи шампиони.

52-годишниот Смит со побелена брада наликува на Ричард во помладите години.

Ричард Вилијамс, кој сега има 78 години, им беше првиот тренер за тенис за Венус и Серена, почнувајќи да им одржува часови на јавни терени пред да наполнат пет години.

Серена го освои ЈуЕс Опен во 1999 година, додека Венус ја освои титулата во Вимблдон во 2000 година, лансирајќи ги сестрите во највисоките ешалони на овој спорт.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џонатан Бејли прогласен за „Најсексипилен маж на денешнината“ за 2025 година

Енергија, идеи и технологија: Startup Weekend Skopje 2025 – Fintech

Хуманоста на дело: За роденденот на Diamond Mall собрани 600 килограми храна и 10 куќички за бездомните кучиња