Утрински Весник
Свет

Вилер: Британскиот вид коронавирус наскоро ќе биде доминантен во Германија

Вилер: Британскиот вид коронавирус наскоро ќе биде доминантен во Германија

Директорот на германскиот институт „Роберт Кох“, Лотар Вилер, денес изјави дека многу позаразниот вид на коронавирус, кој за прв пат беше забележан во Велика Британија, наскоро може да стане доминантен вид во Германија, што ќе ја забави борбата против ширењето вирусот.

Тој рече дека со таканаречениот британски вид на коронавирус, Б117, во моментов се заразиле 40 отсто од заболенитете во Германија, и дека само пред четири недели, тој процент бил шест отсто, пренесува „Ројтерс“.

„Се предвидува дека Б117 наскоро ќе биде доминантна варијанта во Германија, а потоа ќе биде уште потешко да се држи вирусот под контрола, бидејќи е заразен и подеднакво опасен за сите возрасни групи“, рече Вилер.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Американските напади врз иранските нуклеарни постројки се тест за границите на воената моќ

Арагчи во писмо до Гутереш пред СБ на ОН: Американските напади мора да бидат осудени

Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД