Матс Виландер некогаш најдобриот тенисер во светот кој воедно е и голем критичар на Новак Ѓоковиќ по неговата победа над Кајл Едмунд го нарекол српскиот тенисер „непобедлив“.
Ѓоковиќ, во второто коло, во тај-брејк го загуби првиот сет од Едмунд, а потоа ги доби наредните три со што се пласираше во третото коло. Во третата рунда негов противник ќе биде Германецот Јан-Ленард Штруф.
„Мислам дека Новак мора самиот да си заблагодаи што го изгуби првиот сет од Едмунд. Тоа беше добра вежба, не е лесно кога сте во ситуација да морате да добиете три од преостанатите четири сета. Мислам дека тоа му помогна, а особено ќе му значи за дуелот со Штруф кој сервира „бомби“ и секогаш ризикува. Јан-Ленард ќе биде добро подготвен“, рекол Виландер.
„Во исто време делуваше дека Новак е во својот свет во кој немаше навивачи кои ќе му дофрлаа. Сега се зависи од него, Штруф може да му направи проблеми доколку не биде концентриран, но во овој момент не можам да замислам дека тоа ќе се случи. Во овој момент Новак е непобедлив“, заклучил Швеѓанецот.
Ѓоковиќ нема пораз од почетокот на сезоната, која во еден момент беше прекината поради коронавирусот, тој има забележано 25 победи.
Djokovic wins. From a set down, 3h12. Great test. 25-0 in 2020 pic.twitter.com/4KM3J8NY07
— José Morgado (@josemorgado) September 2, 2020
> Виландер за Ѓоковиќ: Непобедлив е! <