Утрински Весник
Магазин

Викторија Бекам ја почести ќерката третман за лице од 230 долари

Викторија Бекам ја почести ќерката третман за лице од 230 долари

46-годишната модна дизајнерка и нејзиното деветгодишно дете во текот на викендот уживаа во сеанса мајка и ќерка.

Поранешната „Спајс девојка“ Викторија – која во бендот девојки беше позната како Пош Спајс – сподели фотографија на Харпер како го прави лицето од специјалистката за кожа Тереза Термеј.

Објавата на својата Инстаграм-приказна ја наслови: „Ден за лице со мама“.

Во меѓувреме, Викторија претходно откри дека по долг работен ден, Харпер е секогаш подготвена да ѝ помогне да се опушти и релаксира дома.

“Харпер честопати ми подготвува Епсом бања кога ќе се вратам од работа. Исто така, таа се занимава со третмани за убавина што е навистина слатко. Понекогаш правиме наши маски за лице со малку мед од манука и органски овес,” вели Викторија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Три хороскопски знаци кај кои самодовербата лесно преминува во суета

Спиењето во целосна темница може да го намали ризикот од срцеви заболувања

Тие се најголемите хипохондрици во хороскопот и животот е тежок со нив