Утрински Весник
Магазин

Викторија Бекам во ТВ-интервју ги изненади гледачите со својот изглед

Викторија Бекам во ТВ-интервју ги изненади гледачите со својот изглед
Dik 300x250 mk

Поранешната „спајсица“ го привлече вниманието со настапот во емисијата „Добро утро Америка“, но не со она што го кажа, туку со својот изглед.

Викторија Бекам (47), очигледно претерала со користење филери за усни и нејзиното лице изгледа непрепознатливо, пишуваат таблоидите.

„Изгледа како да има алергиска реакција“, „Што си направила со усните“, „Што ти се случило со лицето?“… беа некои од многуте негативни коментари на социјалните мрежи.

А таблоидите беа многу поостри во нивните коментари, објавувајќи нејзини фотографии од блиско минато. „Викторија Бекам шокираше многу гледачи со настапот во Good Morning America, но не со нејзините изјави – туку со нејзиниот изглед.“

Во емисијата, модната дизајнерка говореше за совети за убавина, за „Спајс грлс“ и за нејзиното семејство, но многумина не можеа да го тргнат погледот од нејзиното лице. Викторија очигледно го зголемила волуменот на усните, но се чини дека навистина претерала со филери.

Можете да прочитате

Зошто ADHD кај жените често останува непрепознаен: Пет клучни разлики од мажите

Посветете време за себе и најблиските: Дневен хороскоп (31.10 .2025)

Овие три хороскопски знаци во ноември ќе се соочат со деловни предизвици