Утрински Весник
Магазин

Викенд и Роди Рич со најголем број номинации за Американските музички награди

Канадскиот музичар Д Викенд и Роди Рич ги предводеа номинациите во понеделникот за доделување на традиционалните Aмерикански музички награди (AMAs) 2020, а првпат номинираната Меган Д Сталион со најголем број гласови за женски уметник.

Рич, 22-годишниот рапер од Калифорнија и Д Викенд (30), заработија по осум номинации, вклучително и за врвната награда – уметник на годината – каде ќе се натпреваруваат со Џастин Бибер, Пост Мелоун и Тејлор Свифт.

Меган Д Сталион (25) доби пет номинации, меѓу кои и Нов изведувач на годината и Соработка на годината за нејзиниот сингл, WAP, со Карди Би.

Наградите што ги гласаат фановите ќе бидат доделени на церемонија во Лос Анџелес на 22 ноември.

Латинската музика, која бележи наплив на популарност во последните две години, оваа година доби поголема улога со додадени категории за Омилен албум, Омилена песна и Омилени машки и женски уметници.

Во овие категории номинирани се Порториканецот Бед Бани и Колумбиецот Џеј Балвин.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста