Утрински Весник
Македонија

Викендов ќе работат зелените пазари во Крива Паланка и Кратово

Викендов ќе работат зелените пазари во Крива Паланка и Кратово

Крива Паланка, 2 април 2020 (МИА) – Зелените пазари во општините Крива Паланка и Кратово задутре ќе бидат отворени за граѓаните, откако изминатите две недели беа затворени поради вонредната состојба во државата предизвикана од пандемијта на Ковид-19.
Општинското Јавно претпријатие ги информира жителите дека градскиот зелен пазар ќе работи в сабота, од седум до четиринаесет часот.
– Се замолуваат граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки за справување со корона вирусот и да не се задржуваат подолго на пазарот од времето неопходно за набавка на намирници, посочуваат од ЈП „Комуналец” Крива Паланка.
Отворен ќе биде и градскиот зелен пазар во Кратово. Пазарот се отвора на барање на граѓаните и во сабота ќе работи со редуциран проток на луѓе, со ограничување на влезот и излезот на купувачите.
– Согласно одлуките на Владата на РСМ во врска со преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот во затворениот зелен пазар, апелираме продавачите да стојат исклучиво на своето продажно место, да нема групирање и да носат заштитни маски и ракавици со цел зачувување на здравјето на сите граѓани. Потрошувачите пазарот исклучиво да го користат за снабдување на неопходни потреби, без подолго да се задржуваат во него со цел да не се прави гужва, посочуваат од локалната самоуправа на општина Кратово.ид/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме