Утрински Весник
Македонија

Викендов облачно време со врнежи од дожд, а на планините снег

Викендов облачно време со врнежи од дожд, а на планините снег

Под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса утре и во недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег, информира УХМР.

Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од јужен правец.

Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка поради што ќе се зголеми веќе постојната.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерство за здравство иницира да се направи инспекција во болницата во Кавадарци по смртта на новороденчето

СДСМ: Ноќни волци, периметар Сомалија – ВМРО дипломатија

Кумановец фатен со 28 клучеви за отварање брави