Утрински Весник
Македонија

Викендов во Белград ќе се вакцинираат бизнисмени и нивни вработени од Македонија

Викендов во Белград ќе се вакцинираат бизнисмени и нивни вработени од Македонија
Dik 300x250 mk

Викендов во Белград ќе се организира вакцинација за бизнисмени и нивни вработени од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија кои сакаат заштита од коронавирусот, изјави претседателот на Српската стопанска комора, Марко Кадез.

Како што е најавено, обезбедени се 10.000 вакцини.

„ Само заедно можеме да ја победиме чумата. Ние сме еден регион, нашите економии се тесно поврзани и само заедно можеме да го победиме ова зло. ПКС досега организираше вакцинирање на голем број наши бизнисмени и работници, а сега сакаме да им помогнеме на нашите соседи да успеат да ги зачуваат своите економии, бидејќи само тогаш целиот регион може да оди напред “, рече Кадез, кој е и претседател на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.

Тој додава дека потребно е само компаниите од регионот да контактираат со нивните стопански комори, кои ќе организираат вакцинација во Белград во координација со Српската стопанска комора.

Во Србија изминатиов викенд се вакцинираа 105 медиумски работници, преку Македонската асоцијација на новинари (МАН), а Независниот синдикат на полицијата соопшти дека е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество на вакцини за своењто членство, истот така во Србија.

Во, меѓувреме се уште се чека во земјава да пристигнат вакцините од „Астразенека“ и од „Синофарм“. Досега со скромни количини од руската вакцина „спутник В“ и американската „Фајзер“ се вакцинираа здравствените работници. Граѓаните се во беззизлезна ситуација, поради немање вакцини во нашата земја, па мораат да се снаоѓаат за да се вакцинираат во други земји.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија