Утрински Весник
Македонија

Виз Ер Скопски маратон организира виртуелна трка

Виз Ер Скопски маратон организира виртуелна трка

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Бесплатна „СКМ Виртуелна трка – Трка за забава“ организира Виз Ер Скопскиот маратон на која, како што посочуваат, може да учествува секој без разлика на кој дел од светот доаѓа. Единствениот услов е да се почитуваат препораките од надлежните, секој да трча сам или на растојание од 2-3 метри.

-На забавен и креативен начин ја претставуваме новата виртуелна трка „СКМ Виртуелна трка – Трка за забава“ преку која ќе трчате, но и ќе се забавувате. Иако овој викенд, на 10 мај, требаше да се одржи Виз Ер Скопски Маратон, кој се одложи за 4 октомври годинава, а во неделата пред одржувањето на маратонот од организацијата секогаш имало интересни и возбудливи содржини, соопшти Виз Ер Скопскиот маратон.

Посочуваат дека регистрацијата за „СКМ Виртуелна трка – Трка за забава“ е бесплатна и ќе трае од 5 до 15 мај со официјална должина на трката од пет километри. Во овој период ќе треба и да се истрча трката.

Појаснуваат дека е дозволено одење или трчање во еден ден или во неколку денови во периодот додека трае виртуелната трка. Исто така, оние кои се спремни може да истрчаат и повеќе километри од предвидените  5 км и истите ќе бидат прикажани во листата на резултати. Сепак, како што велат, одлучувачки фактор за најдобар резултат ќе се земе времето на најдобрите 5 км од истрчаната должина, потребно за истрчување на 5 километри потребни за виртуелната трка.

-За учество во „СКМ Виртуелната Трка – Трка за забава“ можете да се регистрирате на два начина. Доколку трчате со мобилен телефон, треба да ја инсталирате апликацијата Racemap (достапна бесплатно на Play Store и App Store) на која е креирана самата СКМ Виртуелна трка, а мора да се регистрирате пред да трчате на самата апликација со едноставен внес на вашето име, презиме и омилен број. Но, доколку трчате со GPS часовник или друга мобилна апликација, регистрацијата се прави по трчањето на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk/skmvirtuelrun_GPXupload, се наведува во соопштението на Виз Ер Скопски маратон.бт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски, прашува СДСМ

За две години зголемени плати на полициските службеници, социјалните работници, на вработените во образованието, здравството, во јавниот сектор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност