Утрински Весник
Македонија

„Визер“ воведува вакцинација против ковид-19 за екипажот

„Визер“ воведува вакцинација против ковид-19 за екипажот

Авиокомпанијата „Визер“ објави дека од 1 декември 2021 година ќе бидат потребни вакцинации против Ковид-19- или редовно тестирање на антиген/ПЦР тест во специјални случаи – за целиот екипаж, па затоа ќе воведат вакцинација за патниците. Велат дека истражувањата ја покажуваат нивната ефикасност како најдобра достапна форма за заштита од Ковид-19.

„На почетокот на пандемијата, ‘Визер’ беше пионер во воведувањето на строги здравствени и безбедносни мерки за заштита на патниците и членовите на екипажот, обезбедувајќи максимални санитарни услови и поддржувајќи физичко дистанцирање. Како што продолжува пандемијата, ‘Визер’ е меѓу првите европски авиокомпании што дополнително ги зајакна своите заштитни мерки со оваа политика, која ќе се спроведе во согласност со поддршката на локалните власти и здравствените институции низ базите на  ‘Визер’“, велат од авиокомпанијата.

Жозеф Варади-извршниот директор на „Визер“ групацијата изјави: „Во ‘Визер’ нашиот приоритет број еден е здравјето и безбедноста на нашите патници и вработени. Ние имаме одговорност да ги заштитиме екипажот и патниците во авионот со ублажување на ризиците од Ковид-19, а вакцините играат витална улога во ова“.

Можете да прочитате

Организирање на регионални натпревари по прва помош за 2025 година 

Во Белград вечерва свечено отворање на Македонскиот КИЦ

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, постигнавме да сме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата