Утрински Весник
Свет

Виетнам евакуира 80.000 луѓе поради нови случаи на зараза со коронавирус

Виетнам евакуира 80.000 луѓе поради нови случаи на зараза со коронавирус

Виетнам евакуира 80.000 луѓе, претежно домашни туристи од познатата туристичка дестинација Дананг, откако тестовите на тројца граѓани за коронавирус се покажаа позитивни, пренесува „Ројтерс“.

Откако официјалните власти потврдија дека инфекцијата со коронавирус повторно се појавила, што не е случај од април, тамошните власти повторно се во состојба на подготвеност.

Случаи на инфекција со коронавирус се откриени во последните два дена, а евакуацијата на луѓето ќе трае најмалку четири дена. Во тој период се воспоставени околу сто летови од Дананг до 11 виетнамски градови.

Оние што се враќаат во своите домови од Дананг ќе треба да се изолираат 14 дена.

За време на пандемијата на коронавирус, Виетнам воведе строги мерки за карантин и спроведе широки тестирања и успеа да го спречи ширењето на инфекцијата на 420 случаи и без смртни случаи.

Виетнам е сè уште затворен за странските туристи, но имаше пораст на патувањето на локалните жители кои користеа попусти во хотелите и одморалиштата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во Бејрут (ВИДЕО)

Исламскиот проповедник во Велика Британија осуден на доживотен затвор за терористичка активност

Камала Харис започна рекламна кампања од 50 милиони долари во претседателската трка во САД