Утрински Весник
Магазин

Виена е најзелениот град во светот

Виена е најзелениот град во светот

Виена, 6 мај 2020 (/) – Австриската престолнина Виена е прогласена за најзелен град во светот, според топ 10 листата на канадско-американската консултантска агенција „Резонанс“ за 2020 година.

Зад неа следат Минхен, Берлин и Мадрид. Повеќе од 100 градови во светот се анализирани според критериумите поврзани со парковите и зелените површини во самиот град, употребата на обновлива енергија, квалитетот на воздухот, градскиот превоз, снабдувањето со домашни производи на пазарите итн.

Виена, во споредба со другите градови, е лидер во однос на подвижноста и парковите, но и тоа дека е една од ретките метрополи, која во самите свои граници има национален парк.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет работи што ментално здравите луѓе не ги прават

Мали промени во вашата рутина што ќе ви помогнат да ослабете

Три необични техники кои брзо ќе ве ослободат од стрес