Утрински Весник
Свет

Виена го бојкотира сојузниот Кризен штаб

Австрија ја враќа обврската за носење маски во продавниците и банките
Dik 300x250 mk

Иако бројот на новоинфицирани со коронавирус веќе подолго време расте во главниот град на Австрија, градските власти одлучиле повеќе да не присуствуваат на седниците на сојузниот кризен штаб.

Во последните 24 часа само во Виена се регистрирани 613 новоинфицирани лица, а претставникот на градот не дошол на седницата на кризниот штаб.

Градските власти, одговарајќи на новинарски прашања, изјавиле дека претставникот на Виена бил спречен поради други состаноци. Сепак, виенскиот дневен весник „Естерајх“ тврди дека Виена целосно ќе го напушти кризниот штаб.

Тоа го потврди и покраинскиот секретар за здравство, Петер Хакер, кој рече дека нема да испраќаат свој претставник на седниците на кризниот штаб во иднина, затоа што смета дека тоа тело е професионално ненадлежна координациска институција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил