Утрински Весник
Македонија

(Виде) Костадинов: Истрагата за изборното рекламирање покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

(Виде) Костадинов: Истрагата за изборното рекламирање покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

Отворената истрага врз основа за сомневања за неправилности во изборното рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ само покажува дека во оваа партија ништо не сменето, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Според јавно објавени информации, стотина илјади евра, пари од Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ потрошила за изборно рекламирање на интернет портали, дури и на непознати медиуми, без импресум, без редакции. Ваквото расипничко и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ е истата, стара, криминална матрица на оваа партија. Речиси и да нема изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ во последите години која што не е спорна или сомнителна“, рече тој.

За изборната кампања за Гордана Сиљановска, додаде Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски ја затвори сметката со долг од 400.000 евра, спротивно на законот од член 71 од Изборниот законик.

„За оваа кампања, но и други, јавноста дозна и за сомнителните шеми преку фирми на Орце Камчев. Претходно, ВМРО-ДПМНЕ предводено од шефот на Мицкоски, Никола Груевски, оставаше долгови од над три милиони евра. Односот и кон законите но и кон медиумите, на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е ист и непроменет“, рече Костадинов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ