Утрински Весник
Македонија

(Видео) 307 санкции за брзо возење на територијата на цела држава

(Видео) 307 санкции за брзо возење на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 307 возачи.

Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. MВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема