Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јорданов: Штипјани заслужуват гасификација, изградени булевари и финансии за нормален живот

(Видео) Јорданов: Штипјани заслужуват гасификација, изградени булевари и финансии за нормален живот

Како СДСМ управува со државата, најдобро се виде преку состојбите во Штип, истакна на денешната прес конференција Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

„За да се намали одговорноста од лошото, неспособно и криминално менаџирање на Бочварски, СДС креираа фиктивен изборен циклус. На истиот, без против кандидат, локалниот огранок на партијата на власт, со чочек и незаконско отворање на локали, славеше пирова победа, од која се роди уште понеспособна гарнитура за управување со нашиот град. Изминативе четири години, како резултат на ограничениот капацитет на дури двајца градоначалници, изгубивме драгоцено време и неопходни средства, а младите и сите граѓани на Општина Штип се “удавија” во неостварените очекувања од мегаломанската и неостварена програма на двоец Бочварски-Николов“, рече Јорданов.

Според него, на чекор пред новите локални избори, како што рече, штипјани сфатиле дека не добиле посакувана гасификација, жичара на Исарот, Спортско рекреативен центар во Суитлак со сала за борење и бокс, изманипулирани се додаде Јорданов, со градба на брана на река Отиња, нема ниту една инвестиција-домашна или странска, младите не само што не се вратија и не добија младинска гаранција за сигурно вработување после завршување на образованието, туку забрзано бегаат од нашиот град.

„Како резултат на владеењето на СДС и двоецот Бочварски-Николов, Штип е приватизиран од нивните фамилии, па така едни добија градба на приватни згради на атрактивни локации како и безброј државни тендери, а други пак заобиколувајќи ги законите, оставија повеќе од 300 граѓани во социјален ризик, без работа и основна егзистенција“, потенцира Јорданов.

Кажа дека го гледа Штип со напредна, креативна и развиена економија, преку која младите ќе си ги остваруваат своите соништа.

Можете да прочитате

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ

Врнежи од снег во неколку градови и на планините, забрана за тешки возила на Стража и на патот Маврово -Дебар