Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Јајоска: Арсовска намалува пари за животна средина, буџетот за 2022 е неразвоен

(Видео) Јајоска: Арсовска намалува пари за животна средина, буџетот за 2022 е неразвоен
300x250 opst2

Данела Арсовска ги излажа граѓаните дека ќе инвестира во животната средина и ќе се бори против аерозагадувањето. Буџетот за 2022 на Град Скопје покажува дека Арсовска не само што нема да ги зголеми средствата за еколошки проекти и мерки, туку истите дополнително ги намалува, вели советничката во Советот на Град Скопје и членка на Извршен Одбор на СДСМ, Рената Јајоска.

Таа смета дека за следната година средствата за подигнување ново зеленило, паркови и дрвореди се намалени за 10 отсто, а истовремено ќе бидат набавени 33 отсто помалку садници во споредба со 2021 година.

„Во буџетот за 2022 година, не се предвидени средства за изведба и проектирање на новите паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир, што Арсовска ги ветуваше пред изборите. Како советници од советничката група на СДСМ не се согласуваме со ваков неразвоен буџет на Градот Скопје. Парите на граѓаните мора да се трошат на мерки и проекти во интерес на градот а не за лични интереси на Арсовска. Со вакво кратење на буџетски средства и со неисполнување на дадените ветувања, Арсовска не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина. Арсовска ги лаже и потценува жителите на Скопје“, истакна Јајоска.

Наместо да работи за интересите на градот, додава Јајоска, се што таа прави е стопирање на проекти и масовна партизација на градската администрација. Тоа е нечесно, лицемерно и неодговорно однесување кон Градот и неговите граѓани, потенцира таа.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ