Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јаулески на говорница го запали францускиот предлог: Никој не победил народ, нема ниту вие

„Со Преспанскиот Договор го ископавте гробот, а со овој т.н француски предлог сакате да го затрупате. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се отвори Уставот и истиот да се промени тоа да му биде јасно на секого. Ако отвориме Устав тоа е за да ве вметнеме вас од СДСМ како предавничка и антидржавна партија“.

dobivaj vesti na viber

Ова денеска го изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на денешната Собраниска седница, а неговиот говор го заврши со палење на францускиот предлог додека се уште беше на собраниската говорница.

„Кога го слушав Бујар Османи дека овој француски предлог има реципроцитет, наеднаш си помислив дека Македонците ќе бидат впишани во бугарскиот Устав, дека бугарската држава ќе ги почитува пресудите на ЕСЧП и ќе ја регистрира „Омо Илинден Пирин“ организацијата на Македонците во Бугарија, дека во таблите на културно-историските споменици во Пиринска Македонија ќе има македонски ознаки, дека ќе има санкции за говор на омраза кон Македонците, рехабилитација и репарација на Македонците од Пиринска Македонија кои се измачувани од комунистичкиот режим во Бугарија после 1948 година па се денес, дека ќе се отворат архивите на државната безбедност на Бугарија и дека ќе се лустираат сите агенти кои ги кршеле основните човекови права на Македонците, дека ќе се отворат школи во кои Македонците ќе можат да учат на мајчин јазик“ – кажа Јаулески.

Тој додаде дека наместо да се прифаќаат вакви понижувачки предлози вие требаше да прогласите крај на какви било разговори за историјата, јазикот и идентитетот. Со прифаќање на овој предлог никогаш нема да влеземе во ЕУ, со ставање потпис на ваков предлог тоа е невозможно и давате право на Бугарија кога сака и за што сака.

„Многу окупатори во минатото ја газеле оваа земја, многу војски се изживувале врз Македонците, Албанците, Турците , Србите и сите други народи кои живеат во Македонија, но ниту една војска и окупатор не успеал да не уништи. Ако мислите дека со овој потег ќе не направите послаби, напротив ќе бидеме уште посилни и ќе истраеме никој не победил народ, овој народ ќе живее и живее. Оваа земја опстоила и ќе опстои, Да живее Република Македонија“ – заклучи Јаулески.

Можете да прочитате

Православната црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската православна црква

Тренчевска: Граѓаните тонат во сиромаштија, власта нема нема стратегија за заштита на животниот стандард

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме доаѓа во Македонија!