Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јаревски: ДКСК да отвори случај како Рамчиловиќ си ги вработи сопругата и синот во МВР

„ДКСК да отвори случај по допрен глас, како Зекир Рамчиловиќ од СДСМ си ги вработи сопругата и синот во МВР. Откако стана пратеник од СДСМ, Зекир Рамчиловиќ првин си ја вработи сопругата на висока позиција во МВР, а сега и синот го вработи како полицаец“ рече меѓудругото на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

dobivaj vesti na viber

Јаревски рече дека „во рок од нецели три години, двајца членови на семејството Рамчиловиќ се вработени во МВР, и сето тоа откако истиот е пратеник од СДСМ“.

„Вработувањата на сопругата и синот на Рамчиловиќ се поклопуваат и со периодите во кои тој гласаше за сите национални предавства. Па се поставува прашањето, дали гласот на Рамчиловиќ за промена на името и за бугаризацијата за која гласаше неодамна се причината за кариерите на неговата сопруга и син?“ вели тој.

Пратеникот ја повика ДКСК „по допрен глас да отвори случај за двете вработувања на сопругата и синот на Рамчиловиќ во МВР, за кои постои основано сомнение дека се резултат на сериозно вмешување на политиката во институцијата, односно преку притисок на СДСМ и лично Оливер Спасовски“.

Можете да прочитате

Уапсена 24-годишна девојка во Тетовско: Возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода

Во прекин сообраќајот на ГП Богородица од грчка страна поради штрајк на земјоделците

Полицијата ги лиши од слобода лицата кои вчера ја попречуваа работата на полицијата во Крива Паланка