Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јанушев ја прекрсти СДСМ во СДС бугарска, а колегите кои гласаа „за“ ги нарече изроди и однародени мрсници

Однародени мрсници ги нарече своите колеги од СДСМ пратеникот Игор Јанушев од ВМРО – ДПМНЕ кој меѓу последните излезе на говорницата во Собранието на расправата за информацијата за францускиот предлог.

dobivaj vesti na viber

Не планирал воопшто да зборува оти неговите колеги од позицијата биле „однародени изроди“ со кои не планирал да се занимава, но почувствувал потреба да даде објаснување за јазикот.

„Да јас разбирам дека за вас е прифатливо тоа што сакате денес да го гласате бидејќи за вас не е проблем да биде јазикот на граѓаните на Северна Македонија бидејќи тоа сте вие. Однародени мрсници, да Даре, те гледам во очи и ти кажувам дека си однароден мрсник, бугарски. И пред малку колегата ви се обрати со СДСМ, не, отсега сте СДСБ, СДС бугарска. Ништо повеќе ништо помалку. И ова шт го правите сега е исто со она што го правевте минативе денови. За луѓето што гаѓаа со јајца на протестите определувавте притвор, а за оние со пиштолите кај Скендербег излезе дека биле со цвеќе. Срамота! Патетични сте, изгубени сте“, рече Јанушев.

И тој, исто како неговиот сопартиец Драган Ковачки пред два дена, им порача дека ќе лежат за велепредавство.

„Ќе си лежите и ќе си одговарате сите до еден. Да, читајте книга претседателе на Влада, климајте со главата и смејте се. Тука ви е Тупанче, прашајте го. Ова што го правите, согласно Кривичниот закон е велепредвство, за ова се одговара. И ќе одговарате сите до еден. Македонскиот народ знае да прости, но за некои работи нема простување затоа што не сме ни глупи, не сме ни слепи. Луѓето кои излегуваа, што ви кажуваа да кажете не, еден ден, а тоа ќе биде многу брзо, ќе дојдат по своето затоа што големо ни е името, голема ни е нацијата, големо ни е наследството Македонецот е горд, и Македонецот нема ова да го дозволи“, рече Јанушев.

Собранието денес со 68 гласа „за“ ги усвои заклучоците по францускиот предлог и ја задолжи Владата да го продолжи процесот и да ја усвои преговарачката рамка. Пред гласањето пратениците од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија салата.

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК