Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јанушев од Кратово: По победата на 15-јули секој политичар ќе треба да докаже како го стекнал својот имот

(Видео) Јанушев: СДСМ ништо не сработи за овие две ипол години, доказ за тоа е несработениот пат Крупиште – Пробиштип

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3 Игор Јанушев ги повика кратовчани масовно да излезат со референдумска излезност и со пенкало во рака на 15-ти јули да ги поразат СДСМ и Заев и тоа “можеме” никогаш повеќе да не се чуе.

„ Деновиве сме сведоци на огромен поткуп. Афери со лични карти, а знаете и дека овде во Кратово нудат пакети со цел да влијаат врз вашиот глас. Но, не ги одбивајте, земете ги пакетите тие се ваши народни пари. И потоа, на 15-ти јули излезете и позади параванот заокружете број 14, порача Јанушев. Го гледам Љупчо Николовски како излегува последниве денови и вели како ВМРО-ДПМНЕ нема програма, нема мерки и проекти. А притоа бега, се крие и не сака да излезе да се соочиме. Еве денеска го побарав и во Крива Паланка во оној шатор што го поставил, па не беше ни таму, ама јас му оставив една од нашите програми да види да прочита што нудиме ние од ВМРО-ДПМНЕ. Да види дека нудиме високо крената глава, исправена кичма и враќање на македонското национално достоинство, рече Јанушев.

СДСМ не сака да се донесе законот за потекло на имотот на политичарите. Но, ВМРО-ДПМНЕ ветува дека една од првите работи, по формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде донесување на еден токму таков закон, порача Јанушев пред кратовчани.

„ Да видиме дали Заев навистина има 70 илјади евра колку што пријавил, дали се 8 и пол милиони евра како што го слушнавме дека кажува или можеби се многу повеќе. Тоа го имаме во програмата и секој еден ќе треба да докаже како го стекнал својот имот, рече Јанушев.

„ Тоа што го понижија, омаловажија македонскиот народ тоа не е важно, ама важно е тоа што сега тие биле навредени дека народот одлучил да ги нарекува северџани. Но, за нив не зборам повеќе, рече Јанушев, бидејќи тие се испеана песна, заврши Јанушев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?

СДСМ: Државата гори, владата на Мицкоски потфрла, лоша е координацијата на тере