Ветуваа 30.000 денари плата и тоа не е се, овие избори таа плата е зголемена на 34.000 денари, тоа ќе беше одлично ако првичниве 30.000 денари успеаја да ги постигнат, но како за се останато лага до лага, изјави Игор Јанушев, пратеник и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница.
„Ги слушаме повторно по не знам кој пат ветуваат нов Клинички, клиничката болница во Штип и дополнително не се застанува, можат уште повеќе, арно ама нема ни нов Клинички центар, клиничката болница во Штип како ја затекнавте, сега е полоша ситуација. Ветуваа едноцифрена стапка на невработени, но небулозата е толку поголема што го ветува во моментот кога во Република Македонија има 40.000 нови невработени. Навистина се една Топ Шоп влада“, истакна Јанушев.
Тој додаде дека Заев ветувал намалување на долгот, а тој ист долг изнесувал 4,8 милијарди евра, а денес ја надминува цифрата од 6 милијарди евра.
„Ја донесоа овие Топ Шоп политичари државата во ризична зона и тоа според Мастришките критериуми на ЕУ, истата за која добивавме 5-6 пати датуми, се сликаше половина од оваа екипа во авион и славеше. Ветуваше и стабилна економска политика, тоа го ветуваше и вчера, ветува истовремено кога го имаме новиот ТАТ, среќна нова 1996, Еуростандард банка пропаѓа, а нашиот Топ Шоп премиер ветува економски политики. Тоа што видовме од изјава од самиот Топ Шоп мандатар дека знаел за проблемите на банката и не презел ништо , затоа што може повеќе и подобро. Тоа што 2.500 вработени од Македонски пошти се оставени на милост и немилост, тоа не е важно за нив, поминаа изборите. Слушнавме вложување во култура во истиот момент кога за културните работници нема плата“, рече Јанушев.