Утрински Весник
Македонија

Јанушев: Во програмата предвидуваме 640 милиони евра за субвенции за земјоделците

(Видео) Јанушев: Во програмата предвидуваме 640 милиони евра за субвенции за земјоделците

 

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборната единица три, Игор Јанушев, денеска преку видео обраќање упати порака до граѓаните порачувајќи дека потребно е на 15 јули да се обединат и да ја донесат, како што рече, Обновата на Македонија.

Тој вети инфраструктурни проекти, покачување на платите, отворање на нови работни места, покачување на пензиите на пензионерите, намалување на данокот на 8 проценти, но и како што кажа, конечно вреднување на маката и трудот на земјоделците.

„Во делот на земјоделците ќе ги зголемиме субвенциите за земјоделците на 640 милиони евра во четиригодишниот мандат или тоа се 160 милиони евра годишно. Во делот на сточарството се обврзуваме да ја зголемиме поддршката на основната мерка за 50%, односно од сегашните 1000 денари по грло ќе се исплаќа по 1500 денари по грло“, најласи Јанушев.

Текстот Јанушев: Во програмата предвидуваме 640 милиони евра за субвенции за земјоделците е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките