Новиот трејлер за претстојниот блокбастер „Одред самоубијци“, објавен во четвртокот, навестува голема моќ на поранешните супернегативци а сега суперхерои.
Новиот тизер е со доста помрачен тон од првиот, веројатно инспириран од популарноста на неодамна објавениот „Лига на правдата“ на Зак Снајдер.
Тизерот со побавно темпо троши повеќе време на прикажување на нови ликови и нивните повремено бизарни суперсили.
Почнува со група членови на одредот самоубијци кои стојат на задниот дел на товарен авион во воздух, додека се подготвуваат да излезат од него со падобрани.