Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ѓорчев: Mорбидни и бизарни се изборите на СДСМ во ден со 25 мртви

Ѓорчев: Лицемерно е преку ден да има попис и ажурирање на членство, а навечер полициски час

Морбидно и бизарно е да се одржуваат внатрепартиски избори во ден кога во Македонија има 25 мртви од коронавирусот, изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес, Северен Заевистан имаше избори како во Северна Кореја. Недозволиво и незаконски е да се одржуваат избори во училишта, во јавни установи, во домови на култура, со брза помош да се пренесуваат гласачи во избирачки места во штабовите на СДСМ. Срамно дури и за еден хибриден режим којшто има најмногу мртви по глава на жител во светот и најмалку вакцини. Фијаско, срамота и катастрофа“, изјави Ѓорчев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет”

Ладен бран кај нас: За Водици појава на мраз, на 21 јануари снег

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници