Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ѓорчев: Фијаско на власта, има најмногу починати и најмалку вакцини во светот

(Видео) Ѓорчев: Фијаско на власта, има најмногу починати и најмалку вакцини во светот

Македонија е земјата која што има најмалку вакцини во светот, а истовремено имаме најмногу мртви, и тоа 3.000 по глава на жител буквално во светот, изјави на прес-конференција Влатко Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Македонија овие денови ќе дојде до една ужасна бројка која што навистина е страшна, а тоа е 3.000 починати. Никој на светот нема повеќе мртви од Македонија по глава на жител. Зошто? Затоа што во Македонија се смета во статистиките со 2.1 милион жители, а реалната бројка е 1.7, 1.8 милиони жители.

Пред една недела Авганистан доби 500.000 вакцини од „АстраЗенека“, стотици илјади луѓе се вакцинирани во Пакистан, 27.000 здравствени работници само во една провинција а тоа е провинцијата Синд. Вакцинацијата почна во Боливија, во Алжир, во Гвинеја која што е земја во Западниот дел на Африка, во Непал, во Индија, во Бангладеш веќе имаме вакцина и вакцинација која што е веќе 20-тина дена. Процесот на имунизација на населението почна во Албанија пред еден месец, премиерот Рама беше првиот кој што се вакцинираше, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

За жал, Македонија е буквално најлоша во светот кога станува збор за вакцини и имунизација на населението. Тоа кажува дека имаме дебакл, фијаско на власта. Тоа кажува дека имаме огромна негрижа за здравјето на населението“ рече Ѓорчев.

Тој побара од Зоран Заев и Венко Филипче да поднесат оставки, зошто, како што рече, тие имаат одговорност за тоа што буквално ги оставиле на милост и немилост граѓаните во оваа најголема криза изминативе неколку децении.

„ Со Зоран Заев и Венко Филипче, Македонија е осудена да живее и да зависи од хуманитарна помош и милостина од Србија. Србија дневно, секој ден вакцинира 30.000 луѓе. Вчера во Врање, само во Врање се вакцинирани една илјада луѓе во еден ден. А, досега на ниво на Врање имаме околу 8.000 вакцинирани. Така што, тоа зборува за размерите на фијаското кое што ни се случува, а само пред 7-8 години Србија беше земјата која што учеше инвестиции, и економија од Македонија“ порача Ѓорчев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие