Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ѓорчев: Македонија има најголема смртност од ковид во регионот, досега починаа 8.000 луѓе

(Видео) Ѓорчев: Македонија има најголема смртност од ковид во регионот, досега починаа 8.000 луѓе
Dik 300x250 mk

Македонија предводена од Владата на Зоран Заев и Венко Филипче дојде до 8.000 починати лица од Ковид, истакна на прес-конференција, Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека Македонија има најголема смртност во регионот.

„Илјадници и илјадници семејства во Македонија ја поминаа голготата на овој катастрофален здравствен систем на Зоран Заев и Венко Филипче, каде што нема кревети, нема лекови, нема кислород, нема Брза помош. Македонија беше последната земја во Европа која што доби вакцини, последната земја во Европа“, изјави Ѓорчев.

Според опозициската партија, одговорот на власта на пандемијата е катастрофален.

Можете да прочитате

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница