Утрински Весник
Свет

(Видео) Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

Dik 300x250 mk

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина на Кастелон во североисточна Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Во еден момент машиновозачот го запрел возот, за да се обиде да го сврти во друга насока, кога видел дека е опасно да продолжат.

Голем број патници ги фатила паника од страв од пожар, па решиле да ги скршат стаклата и да скокнат од возот.

Двајцата најтешко повредени се евакуирани со хеликоптер, додека останатите патници, меѓу кои и едно десетгодишно девојче, се пренесени во локалните болници.

Во моментот на инцидентот во возот имало 48 патници.

– Кога видоа дека се опколени со оган, се вратија во возот и неколку од нив се здобија со тешки изгореници – изјавил портпаролот на железничката компанија, пишува Гардијан.

Претседателот на регионот Валенсија рече дека повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани од своите домови бидејќи силните ветрови во последните денови го разгореа пламенот.

Двајца пожарникари се тешко повредени додека го гаснеле пожарот.

Валенсија е последниот во низата региони во Шпанија кои летово беа погодени од пожари поради високите температури. Досега низ земјава се уништени десетици илјади хектари шуми, пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Министерството за сообраќај на САД: Воздушниот сообраќај може целосно да запре поради буџетската криза

Џаред Кушнер пристигна во Израел на разговори со Нетанјаху за Газа

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп