Утрински Весник
Свет

(Видео) Шумски пожари во Мароко – има загинати, повеќе од 1.000 семејства се евакуирани

Dik 300x250 mk

Едно лице загина во шумските пожари кои од средата беснеат во шумската заднина на северот на Мароко, принудувајќи стотици семејства да се евакуираат и уништија илјадници хектари шума, изјавија властите за агенцијата Франс прес.

dobivaj vesti na viber

Изгореа куќи, згаснаа животни, а повеќе од 1.000 семејства беа евакуирани.

Брзото ширење на пожарот, разгорено од налетите на ветерот од 45 км/ч, поттикна евакуација на 1.156 семејства во седумнаесет села во областа околу Лараче, каде што се активни три големи пожари, додаваат властите.

За прв пат, шумарите користат беспилотни летала за лоцирање на пожари.

Во провинцијата Тетуан, во близина на големото медитеранско пристаниште Тангер, изгореа шеесетина куќи и стотина грла добиток. Евакуирани се 247 лица. Во Таза 420 селани морале да напуштат осум села.

Пожарот го гаснат припадници на цивилната заштита, четири кантари, четири ер трактори, полицијата.

Мароко пред неколку дена го зафати топлотен бран со температури блиску до 45 степени Целзиусови, во време на невообичаена суша и воден стрес, пренесуваат светските агенции.

Можете да прочитате

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки