Утрински Весник
Свет

(Видео) Шифрирани пораки од Северна Кореја објавени на Јутјуб

Американците тврдат: Ким Џонг-ун сè уште прави нуклеарно оружје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Северна Кореја на Јутјуб емитувала низа мистериозни броеви за кои се претпоставува дека се шифрирани пораки за нејзините шпиони на југ.

На Јутјуб профилот на државното радио Пјонгјанг било објавено видео, во кое спикерка прочитала „задача за ревизија на информатичката технологија на оддалечен универзитет за образование за агенти бр. 719 од експедицијата“, пренесува јужнокорејската агенција „Јонхап“.

https://www.youtube.com/watch?v=2l9B4dm1cnI

Таа повторувала фрази како „бр.23 на страница 564, бр. 19 на страница 479“ во период од околу една минута на видеото, кое е прегледано 2.500 пати до 11 часот по локално време.

Броевите не се емитувани на радио.

Северна Кореја емитувала такви, наизглед случајни броеви преку радио уште од периодот на Студената војна, а последен пат тоа го направила на 7 и 13 март. Ова е првпат Пјонгјанг да ја користи глобалната платформа за размена на видео-снимки за испраќање на кодирани пораки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин