Утрински Весник
Свет

(Видео) Шест странски борци убиени во израелските ракетни напади во близина на Дамаск

(Видео) Шест странски борци убиени во израелските ракетни напади во близина на Дамаск
Dik 300x250 mk

Израелските ракетни напади врз неколку цели во Сирија убија најмалку шест провладини несириски борци, пренесува „Мидл Ист ај“ повикувајќи се на Сириската опсерваторија за човекови права.

Рами Абдел Рахман, кој е на чело на Опсерваторијата, рече дека нападите биле насочени кон складишта со оружје и депоа за ракети околу Дамаск.

„Сириската противвоздушна одбрана пресретна голем број ракети, но многу ги погодија своите цели и предизвикаа материјална штета“, рече Рахман кој се потпира на мрежа извори во Сирија за своите извештаи.

Претходно беше објавено дека сириските системи за противвоздушна одбрана одвратиле израелски ракетен напад во предградијата на Дамаск, објави новинската агенција САНА.

„Денес, израелскиот непријател изврши серија ракетни напади од окупираната Голанска Висорамнина и од Галилеја, погодувајќи цели во близина на Дамаск“, рече воениот извор, додавајќи дека сириските вооружени сили успеале да ги уништат повеќето ракети.

Претходно, САНА објави дека сириските системи за противвоздушна одбрана пукале во воздушни цели над руралните региони западно од Дамаск, а експлозиите се слушнале во западните периферии на Дамаск.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи