Утрински Весник
Свет

(Видео) Шевченко се расплака на телевизија: Убиваат деца и постари лица, потребна ни е вашата помош

(Видео) Шевченко се расплака на телевизија: Убиваат деца и постари лица, потребна ни е вашата помош

Легендарниот напаѓач на Украина и Милан, Андриј Шевченко гостуваше во италијанската државна телевизија РАИ каде зборуваше за ситуацијата во Украина која трпи жестока агресија од Русија. Шевченко низ солзи им кажа на Италијанците дека дел од неговото семейство е во родната земја.

– Мајка ми, сестра ми и роднините се во Украина. Нивниот избор е да останат во Украина. Не можам да гледам што се случува во мојата земја без да плачам. Моите луѓе ми ја кажуваат вистината за Украина. Се бомбардираат градови, се убиваат деца и постари лица. Мораме да ја убедиме Русија да ги запре нападите и да најде дипломатско решение за крајот на војната – изјави Шевченко, кој моментално се наоѓа во Лондон.

Украинецот ја стекна славата во Италија со одличните игри во дресот на Милан, а сега ги повика Италијанците да ги примат бегалците кои доаѓаат од Украина.

-Кога дојдов во Италија, таа земја ми го отвори срцето. Се чувствував како еден од вас и затоа Италија ја сметам за втор дом. Сега ве молам да ги отворите вашите срца за мојот народ. Ни треба твојата помош. Нека се чувствуваат овде сега како што се чувствував јас. Многумина веќе ни покажаа многу наклонетост, но јас барам од вас повеќе – рече Шевченко.

– Украина сака да биде дел од Европа. Тоа е одлука на нас како народ. Володимир Зеленски е голем претседател и не води кон независност и слобода – заклучи Шевченко.

Можете да прочитате

Шестмина загинати и над 100 киднапирани во вооружен напад во Нигерија

Лос Анџелес: Три лица загинаа во експлозија во тренинг центар на локалните безбедносни сили

Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху