Утрински Весник
Свет

(Видео) Шведски дипломат апелирал да не се патува, а самиот го поминал Божик на Канарите

(Видео) Шведски дипломат апелирал да не се патува, а самиот го поминал Божик на Канарите

Дан Елијасон, шефот на шведската агенција за итни случаи, се соочува со остри критики бидејќи отпатувал на Канарските Острови за божикните празници.

Претходно, во декември, Елиjасон побара сите Швеѓани да избегнуваат патувања, а самиот беше фотографиран на аеродромот во Лас Палмас на Големите Канари .

Подоцна тој се бранеше тврдејќи дека патувањето било неопходно од семејни причини, бидејќи неговата ќерка живее на Канарските Острови, објави „Би-би-си“.

„Го прославив Божик со неа и нејзиното семејство“, изјави Дан Елиасон за весникот „Експрес“.

Од почетокот на пандемијата се потврдени околу 437.000 случаи на смртни случаи со Ковид-19 и 8.700 смртни случаи во Шведска, многу повеќе отколку во другите скандинавски земји, но во Шведска досега не е воведено целосно затворање на земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ и Меркосур потпишаа трговски договор со што се создаде најголемата зона на слободна трговија во светот

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите