Утрински Весник
Економија

(Видео) Шахпаска: Неработната недела ќе ги врати семејните вредности, профитот на маркетите не е загрозен

(Видео) Шахпаска: Неработната недела ќе ги врати семејните вредности, профитот на маркетите не е загрозен

Навиките за пазарување треба да се променат и неважно е дали некој ќе пазарува во сабота или некој друг ден и неработната недела нема да ги загрози работните места, тврди Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска околу Законот што треба да ја гарантира неработната недела.

Шопинг центрите и маркетите според неа нема да имаат загуба ако бидат затворени в недела а тоа за работниците ќе значи повеќе време што треба да го минуваат со семејството, вели Шахпаска во интервјуто за „Макфакс“.

За кадровската подготвеност да се спроведе Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, за помошта на социјалните случаи во време на пандемија, промени во функционирање на социјалните служби, зајакнување на Меѓуопштионскиот центар за социјална работа, повеќе во интервјуто со Шахпаска.

„Изјавата дека 500 денари од поврат на ДДВ кон семејствата ја дадов на предизборната кампања. Не се срамам од оваа изјава, и како доктор по професија знам дека 100 грама месо се доволни за едно лице, односно домаќинките можат да готват 5 дена за целото семејство“, вели Шахпаска.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025