Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шахпаска: Кондово ја доби својата прва градинка која ќе згрижи 80 деца

(Видео) Шахпаска: Кондово ја доби својата прва градинка која ќе згрижи 80 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, присуствуваше на отворање на новиот објект „Фљутура“ на детската градинка „Филизи“, прва градинка во населеното место Кондово, Општина Сарај.

„Како Влада и како Министерство сериозно вложуваме во сместување на најмладите во предшколски установи. Претшколското образование, воспитувањето вистинскот правилен психосоцијален развој на децата, претставуваат предуслов за изградба на квалитетни личности, кои што ќе ја градат нашата иднина“, истакна министерката Шахпаска.

„Градинката е објект во кој ќе бидат згрижени 80 деца на возраст до 6 години, организирани во 5 хетерогено згрижувачко- воспитни групи и за нив ќе се грижат 18 вработени. Притоа, за овој објект од буџетот на Министерството за труд и социјална политика беа вложени околу 22 милиони денари, во градежните активности и во опрема, која ги задоволува европските стандарди“, информираше министерката Шахпаска.
До крајот на годината , таа посочи дека ќе бидат завршени и отворени уште шест нови градинки, со што опфатот на деца ќе се зголеми за дополнителни 455.

Од страна на градоначалникот на Општина Сарај , Блерим Беџети беше изразено особено задоволство што Кондово ја добива својата прва градинка, а втора на ниво на општина и ја истакна одличната соработка со Министерството за труд и социјална политика која ќе продолжи и понатаму.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме