Во март 2020-та година станарите од студентските домови од скромниот студентски буџет одвоија средства за плаќање на станарина за сместување во студентските домови. Во истиот тој март 2020 заради пандемијата предизвикана од вирусот корона и одлуките кои ги донесе владата студентите мораа да ги напуштат студентските домови како мерка за превенција. Притоа им беше ветено дека средствата што ги уплатиле ќе им бидат рефундирани, рече Борис Шамбевски, член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
„ Денес, во февруари 2021-та година, 11 месеци подоцна, средствата се уште не им се вратени. Неколку пати студентите бараа средствата да им бидат рефундирани, но иако им беше ветувано, тоа до денес не се случи.
Нам ни останува прашањето: Ако менаџментот на студентските домови не успева да обезбеди топла вода и греење, ако енергенси за затоплување, откако ние региравме, обезбедуваат од донации, ако немаат пари да им ги рефундираат на студентите веќе уплатените средства, тогаш реално се поставува прашањето каде се средствата? Дали можеби се вложија за подобрување на условите во студентските домови ? Студентите велат НЕ. Дали се изгради ветениот студентскиот град? Ние не можеме да го најдеме каде е. Можеби ќе треба обвинителството да се распраша каде се средствата.
Е за овие прашања директоре бараме и одговори и одговорност! А на студентите, вратете им ги парите, како знаете и умеете“ истакна Шамбевски.