Утрински Весник
Свет

(Видео) Чуден поздрав меѓу Бајден и Ердоган на НАТО самитот

(Видео) Чуден поздрав меѓу Бајден и Ердоган на НАТО самитот

Американскиот претседател, Џо Бајден, во понеделникот му пријде на турскиот колега, Реџеп Таип Ердоган, на самитот на НАТО во Брисел, а нивниот чуден поздрав веднаш го привлече вниманието на светските медиуми.

Бајден го затече Ердоган неподготвен, како што се гледа на снимките од нивната кратка средба, пред почетокот на самитот. Турскиот претседател седеше на масата подготвен да го критикува Бајден за неодамнешното признавање на масакрот врз Ерменците како геноцид.

Како што пренесе „Њујорк пост“, Ердоган седел зад масата, без маска, кога Бајден му пришол и му понудил стисната тупаница за да се „чукнат“, фаќајќи го неподготвен за реакција.

Ердоган немал друг избор освен да стане и да го поздрави Бајден – двајцата лидери се поздравиле и поразговарале.

„Киселата насмевка на турскиот лидер зборува за себе, додека изразот на лицето на Бајден не може да се види поради маската“, пренесуваат американските медиуми.

Подоцна, тие ги зазедоа своите места поради формалната средба, но набрзо беа објавени снимки од нивниот необичен поздрав.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени