Утрински Весник
Свет

(Видео) Чедомир Јовановиќ: Реагирав бидејќи семејството ми беше загрозено

(Видео) Чедомир Јовановиќ: Реагирав бидејќи семејството ми беше загрозено
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По инцидентот за којшто пишуваа белградските медиуми и нападот врз сопственик на клика со тениски рекет, српскиот лидер на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, кусо изјавил за медиумите дека погрешил, но и дека е човек од месо и крв и дека реагирал затоа што неговото семејство е загрозено.

Српските медиуми утрово објавија дека лидерот на ЛДП го нападнал адвокатот на клиниката лоцирана во Нов Белград, на улицата Милутин Миланковиќ, а  само еден ден пред тоа го нападнал и сопственикот на таа клиника со тениски рекет, кој бил примен во Ургентниот центар поради повреди.

Снимката за утринскиот инцидент заврши во медиумите, а во неа се прикажува и сопругата на лидерот на ЛДП, Јелена Јовановиќ, која го влече Чедомир за ракавот. После тоа, беше објавено дека Јовановиќ примил „одредена терапија“ во клиниката „Физио центар“ и дека бил забележан како лежи таму со неколку лица околу него. Кога ја напуштил клиниката, новинарите го прашале што се случило, а тој рекол дека доаѓа на таа клиника поради терапијата, која му била препишана откако излегол од болницата.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски побара долгорочни безбедносни гаранции од САД во рамки на мировниот план

Кинеската армија започна воена вежба околу Тајван

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија