Утрински Весник
Свет

(Видео) Цунами удри на пацифичката држава Тонга: Брановите носат сè пред себе

(Видео) Цунами удри на пацифичката држава Тонга: Брановите носат сè пред себе

Пацифичката држава Тонга е погодена од цунами по вулканска ерупција на дното на Тихиот Океан.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат големи бранови кои удираат по крајбрежните области носејќи сè пред себе и снимки на луѓе како бегаат и се обидуваат да влезат во нивните автомобили.

Некои жители на Тонга биле погодени од цунамито додека присуствувале на миса во црква каде што останале заробени.

Во водите на Тихиот океан во близина на Апија, главниот град на Самоа, се регистрирани бранови високи околу еден и пол метар, соопшти американскиот Пацифички центар за предупредување од цунами.

Mетеоролошка служба на Тонга соопшти дека предупредувањето за цунами е на сила за целиот остров.

Предупредување за цунами било дадено и во Нов Зеланд, како и од американскиот Пацифички центар за предупредување, но не и од австралиската служба, пренесоа светските агенции.

Можете да прочитате

Руски напад врз Украина со суперсонични ракети

Рубио во Будимпешта на средба со Орбан

Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа