Утрински Весник
Магазин

(Видео) Црно-белиот мачор од „Даунинг стрит“ оди во пензија

(Видео) Црно-белиот мачор од „Даунинг стрит“ оди во пензија

Целиот свет има слушнато за мачорот Палмерстон, кој се приклучи на Министерството за надворешни работи на Велика Британија во 2016 година, откако беше спасен од засолниште за животни.

По четири години, мачорот смета дека треба да се пензионира.

Во писмото објавено на „Твитер“, упатено до Сајмон Мекдоналд, постојаниот потсекретар на министерството, Палмерстон објаснил дека дошло време да се посвети себеси.

Ќе му недостасува метежот во канцеларијата, но во наредните години тој сепак ќе ужива во порелаксиран живот, без многу одговорност и без кавги со мачорот Лери од „Даунинг стрит“.

Сите се тажни, но ја почитуваат неговата одлука.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста