Утрински Весник
Македонија
Img 7972

(Видео) Цветаноски: Градоначалникот на Радовиш ги остави децата без негователки и врши притисок врз вработените

(Видео) Цветаноски: Градоначалникот на Радовиш ги остави децата без негователки и врши притисок врз вработените
Img 7972

Повеќе од 10 дена децата во детската градинка Ацо Караманов, во Радовиш, се оставени без негувателска грижа, поради неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничкот Ацо Ристов, рече на денешната прес конференција Симона Цветаноски советничка од редовите на СДСМ во Советот на Општина Радовиш.

„Јас во моментов се наоѓам пред детската градинка, објект Цветови каде во истата во повеќе од месец дена децата се оставени без негувателска грижа, пред се најмалите деца а тоа се јаслените групи. Родителите збунето и без никаква информација дадена од надлежните не знаат кој им ги згрижува децата, а ниту пак се запознаени дека истите деца на овие минусни температури се преместуваат од една во друга зграда без никаква согласност од нивните родители. Претставниците на локалната власт наместо да ги вратат вработените коишто се дома истите се занимаваат со смени на раководни лица кои насилно бараат од нив со писмена изјава да си дадат оставки без притоа да бидат свесни дека истите раководни лица се со законски предвиден мандат. Потребно е сите негувателки коишто седат дома да се повикаат да продолжат со работа како би продолжило редовното и нормалното работење во детските градинки. Потребно е ветувањето коешто беше дадено од страна на градоначалникот на една од претходните седници на Советот каде што вети дека сите негувателки коишто се дома ќе почнат со работа од 01.02.2022 година. Денеска сме 02.02.2022 година, се уште не се повикани.“ изјави Цветаноски.

ВМРО-ДПМНЕ и Ацо Ристов за 100 дена од нивното раководење се уште немаат започнато, а ниту пак реализирано ниту еден проект од програмата којашто беше ветена пред граѓаните. За разлика од тоа, СДСМ за оваа ситуација до крај ќе се залага бидејќи е партија која е избрана од граѓаните и сме должни нивните проблеми да бидат решени.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја