Утрински Весник
Магазин

(Видео) Хуман гест на девојка откако вереникот ја оставил два дена пред свадба

(Видео) Хуман гест на девојка откако вереникот ја оставил два дена пред свадба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сара Каминс мислела дека венчавката ќе биде најубавиот ден во нејзиниот живот. Меѓутоа, нејзиниот вереник ѝ раскинал два дена пред закажаната свадба.

Таа и вереникот  ја планирале свадбената забава цели две години, гостите веќе биле поканети и сите трошоци биле однапред платени.

Сара ја откажала венчавката и ги известила сите гости.

Како и да е, оваа 25-годишна девојка не сакала да допушти тагата да ја скрши. Ѝ дошла одлична идеја. Решила да искористи тоа што ресторанот е платен, па организирала фешта за бездомници.

Со помош на планерката за венчавки, веднаш се зафатила со неопходните припреми. Двете донеле повеќе од 100 бездомници, кои биле воодушевени од гозбата на својот живот. Сите уживале во вкусната храна, и немале доволно зборови за да ја искажат својата благодарност.

Иако скршена од тага, таа направи многу луѓе среќни, па макар и еден ден.

Овој преубав гест се случил пред две години, а и понатаму привлекува внимание на интернет. Веројатно затоа што хуманите гестови се многу ретки.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 декември 2025 година

Како правилно да перете чевли во машина без да ги оштетите

Никогаш не заспивајте со шминка!