Утрински Весник
Свет

(Видео) Хрватска пратеничка отстранета од седница – одбила да стави маска

(Видео) Хрватска пратеничка отстранета од седница – одбила да стави маска

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, ја отстрани пратеничката Каролина Видовиќ-Кришто од седница затоа што одбила да стави заштитна маска.

Таа побарала од Националниот штаб за цивилна заштита да ја укине обврската децата да носат маски.

„Прво ставете маска или ќе морам да Ве исклучам од расправата“, ѝ рече Јандроковиќ, а потоа додаде: „Имаме пет минути пауза, а вас, госпоѓо Кришто, ќе ве исклучам од седницата до крајот на денот“.

Видовиќ-Кришто на седницата побарала да се укине обврската децата да носат маски повикувајќи се на научни истражувања за кои тврди дека покажуваат дека носењето маски не придонесува за намалување на ризикот од зараза со коронавирус и дека може да предизвикаат здравствени и психолошки проблеми кај децата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку седум жртви во стампедо на концерт во Конго

ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕДМИЦА НОСИ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО ЗАПАДНА И ЈУГОЗАПАДНА ЕВРОПА: Се очекуваат температури и до 45 степени

Шумскиот пожар во Калифорнија се шири