Утрински Весник
Свет

ХДЗ слави, освоија 70 мандати на изборите во Хрватска

(Видео) ХДЗ слави, освоија 70 мандати на изборите во Хрватска
Dik 300x250 mk

 

Објавени се првите неофицијални резултати од изборите во Хрватска, по затварањето на гласачките места во 19 часот. Според 43, 91 отсто од обработените гласачки ливчиња, ХДЗ на Андреј Пленковиќ има освоено 70 мандати.

Коалицијата Рестарт има 42, Домовински покрет 15 мандати, Мост 6, платформата Можеме 5, реформисти 2, коалицијата Паметно/фокус/ССИП – 2 мандати и ХНС – едно  пратеничко место.

Од Домовински покрет на Мирослав Шкоро велат дека освоиле 16 мандати и испратија јасна порака на ХДЗ дека нема да има влада без нив.

Во Хрватскиот сабор има 151 пратеничко место.

Текстот (Видео) ХДЗ слави, освоија 70 мандати на изборите во Хрватска е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел ја прекинува хуманитарната помош за Газа

Трамп: Нема да ја загрозам Америка поради Украина

Кина ги обвини САД за кибер напади врз Националниот центар за време