Утрински Весник
Македонија

(Видео) Фон дер Лајн: Заев ја доближи Северна Македонија поблиску кон ЕУ

(Видео) Фон дер Лајн: Заев ја доближи Северна Македонија поблиску кон ЕУ

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео честитки се приклучија бројни високи претставници на ЕУ и политичари.

Во своето обраќање, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајн, вели дека Зоран Заев ја доближил Република Северна Македонија поблиску кон ЕУ, таму каде што и припаѓа.

„Големите лидери се оние кои очите ги насочуваат кон иднината, а не кон минатото и со тоа го менуваат курсот на историјата. Зоран, ти напиша историја, ја донесе Северна Македонија поблиску до онаму каде што припаѓа – внатре во Европската Унија“, порача фон дер Лајн.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, порача дека преку одговорно и државничко однесување, Заев успеал да најде решенија, онаму каде што сите гледале конфронтации.

„Кога мислам на Зоран Заев се потсетувам на изјавата на Нелсон Мандела која гласи: Секогаш изгледа невозможно, се додека на се случи. Зоран од невозможното направи реалност. Со храбро и одговорно лидерство, со добри намери, ставајќи ја својата држава пред себе и својата политичка кариера, наоѓајќи конструктивни решенија, онаму каде што другите гледаа само конфронтации“, посочи Лајчак.

Поранешниот премиер на Грција, а денес пратеник во грчкиот Парламент, Алексис Ципрас, порача дека достигнувањата на Заев ја сменија судбината на целиот Западен Балкан.

„Зоран Заев покажа храброст и прогресивно лидерство, што ја смени судбината на неговата земја, судбината на Западен Балкан“, вели Ципрас.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ

Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум