Утрински Весник
Македонија

(Видео) Фон дер Лајен: Македонија и Албанија денеска ги отвораат пристапните преговори

Dik 300x250 mk

Луѓето од Албанија и Северна Македонија го заслужуваат ова. Ова е ставот на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. Таа кажа дека денеска двете држави ги отвораат пристапните преговори со ЕУ. За неа, ова е успех на граѓаните и државите.

dobivaj vesti na viber

„Македонија набрзо ќе преговара со нас за ФРОНТЕКС. Тоа ќе ја зацврсти нашата соработка за миграцијата. Можете да сметате на мене за да бидете сигурни дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик без фусноти. Ќе има зголемени инвестиции, подобрени трговски врски, подобра соработка за енергетиката и транспортот. И ова е она што вашите граѓани го чекаа толку долго и го заслужуваат. Покажавте лидерство, стратешко трпение. Особено Еди. Покажавте дека сте вистински пријатели и партнери“, посочи Урсула Фон дер Лајен.

Таа посочи дека се покажало отпорност и задржана е вербата во пристапниот процес со борбата против корупцијата, зацврстување на правото, добро граѓанско општество, бројни реформи.

Можете да прочитате

ДИК одзела осум акредитации на домашни набљудувачи

Излезеноста до 15 часот е 27,19%

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците: јавноста има право да знае!