Утрински Весник
Македонија

(Видео) Филипче: Кичево за две години ќе добие модерна болница

(Видео) Филипче: Кичево за две години ќе добие модерна болница

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ја посетија Општата болница во Кичево, како и болницата која е во изградба на 100 метри од Општата болница.

„Во овој момент сме пред оваа зграда, која 30 години стои како карабина, две години интензивно работевме на расчистување на проектната документација и други проблеми, коишто ги затекнавме и конечно со одлука на Владата се официјализираше решението да продолжи со градба втората фаза, со што Кичево ќе добие модерна болница, како што граѓаните и пациентите од овој цел регион навистина заслужуваат. Градбата на втората фаза би требало да трае некаде околу две години, што значи дека за две години се ќе биде завршено и соодветно опремено за да добие навистина Кичево здравствена услуга, здравствена заштита, така како што треба“, посочи министерот.

Филипче истакна дека во старата болница, која сега сѐ уште функционира, е донесена медицинска опрема којашто значајно го зголемила квалитетот на здравствената услуга за граѓаните.

Тој потенцираше дека огромен број луѓе се примени во болницата во Кичево во изминатите две ипол години, преку 40, од кои шест се доктори и над 20 медицински сестри.

„Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина, што мислам дека е еден одличен резултат на оваа политика на инвестиција во млади лекари и медицински сестри, со цел да не заминуваат од земјава, туку иднината да ја бараат тука. Имајќи ги во предвид и другите мерки, кои како Министерство ги имплементиравме во изминатите повеќе од две години, тоа е платениот стаж во период од шест месеци за младите лекари, во рамки на здравствените домови, сметам дека тоа е една политика која дава резултат. Нема јавна здравствена установа којашто не го зголеми капацитетот за најмалку 15 проценти, што значи дека се вработени огромен број лекари и медицински сестри“, истакна министерот.

Исто така, во однос на справувањето со вирусот КОВИД-19, министерот Филипче информираше дека во болницата во Кичево има одлична организација, има посебен дел за тријажа и мини амбуланта, а дел од кадарот се уште е во системот за ротација, за помош на колегите во Инфективната клиника во Скопје и во ГОБ „8 Септември“.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година