Утрински Весник
Свет

(Видео) Ураганот Лора ги зема првите жртви, половина милион луѓе се без струја

(Видео) Ураганот Лора ги зема првите жртви, половина милион луѓе се без струја
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку три лица го загубија животот во налетот на ураганот Лoра воамериканската сојузна држава Луизијана, соопштија властите. Според информациите, меѓу загинатите е 14-годишно девојче, врз чија куќа паднало големо дрво.

Ураганот Лoра, кој се зголеми од категорија 1 на категорија 4, на скала од 5, за само еден ден, го погоди американскиот брег. Метеоролозите го опишаа како „исклучително опасен“ и ги предупредија жителите да се евакуираат или во спротивно ризикуваат да го загубат својот живот.

На удар сега се Луизијана и Тексас.

Во текот на изминатите неколку часови ураганот ослабе во категорија 2.

Многу згради се оштетени, еден град е целосно поплавен, а половина милион жители се без електрична енергија, пренесуваат светските медиуми.

Националниот центар за урагани предупреди дека и натаму се очекуваат силни и опасни ветрови и покрај тоа што ураганот ослабнал.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Објавени снимки од моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана

Русија вели дека им дала на САД доказ за украински напад врз резиденцијата на Путин

БФМ: Прскалки во шишиња можна причина за пожарот во швајцарското одморалиште