Утрински Весник
Свет

(Видео) Украинската војска објави видео од уништен руски конвој

(Видео) Украинската војска објави видео од уништен руски конвој

Украинските сили објавија снимка од пат полн со уништени и напуштени руски возила.

Снимката трае три минути, а возењето е цело време по каллив и заледен пат. Според описот на видеото, станува збор за регион околу Харков, град во источна Украина, кој со недели е сцена на жестоки борби.

На снимката се гледаат многу напуштени и уништени руски тенкови. Украинската армија денеска го објави видеото на своите страници на социјалните мрежи, но не е јасно кога е снимено и кога камионите и возилата биле уништени и оставени.

Во секој случај, се работи за голем конвој и големи загуби за Русите.

Можете да прочитате

Шпанските машиновозачи ќе штрајкуваат по сериозните несреќи

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време